Војниците поднесоа кривична за Славјанка Петровска, го спречила синдикалното движење
Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Во спротивно најавуваат протест.
Според претседателот на Синдикатот на професионални војници Александар Насковски, проблемот трае 11 месеци и е наследен од претходниот министер, а доколку во најбрз рок не се реши, професионалните војници ќе излезат на протести пред Владата како во 2009 година.
-Треба да има социјален дијалог, а не да се блокира и краде Синдикатот. Професионалните војници бараат решавање на нивниот статус, право на пензионирање по 45 години и трансформирање на работниот однос на неопределено време, изјави Насковски.
Пријавеното лице, како што информираше Насковски денеска на прес-конференција пред ОЈО Скопје, во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година го сопрела функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопрела уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзнала членството и со сето тоа, како што нагласи, го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата.
-Како моментално најкорумпирана институција во која за период од девет месеци се направија три фалсификати од страна на криминалната група е Министерството за социјална политика, демографија и млади. Овие фалсификати ги потпишаа три различни министри и се спроведоа во Министерството за одбрана. Тој криминал е наследен од претходниот министер и трае и до ден денеска во рамки на МО, изјави Насковски.
Во која НАТО Армија, праша Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на претседателот и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице.
-Цврсто сме убедени дека министерот за одбрана е добро изманипулиран од структури во Министерството, кои од многу одамна делуваат и секогаш се појавуваат кога се во прашање професионалните војници и нивниот синдикат. Секогаш кога професионалните војници ќе побараат права ги опструираат од овие структури во Министерството и Армијата и од дел од другите синдикати. Се надеваме дека министерот за одбрана веднаш ќе го разреши овој криминал и нема да премолчи пред овие лица кои се уште се во МО, а токму тие го советуваа претходниот министер да направи вакви кривични дела, изјави Насковски.
Посочи дека се обратиле до министерот за одбрана, но како што рече, 130 дена не се повикани на разговор.
-Се обративме трипати до премиерот, добивме двапати половичен одговор дека министерството треба да ни одговори за проблемите, но министерството никако не одговара. Се обративме до Врховниот командант, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, каде што досега не добивме одговор за да ги соопштиме нашите проблеми, изјави Насковски.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец
-
Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места