Свет
4. December 2023 - 11:21

Воено воздухопловство на Украина: Уништивме 18 од 23 лансирани руски дронови

 Украинската противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништи 18 од 23 беспилотни летала со кои Русија нападна најмалку девет региони на Украина, соопшти прес-службата на Военото воздухопловство на Украина.

Уништена е и една наведувана воздушна ракета Х-59, пренесува Интерфакс Украина.

Беспилотните летала се лансирани од Крим, а ракетата од воздушниот простор на регионот Херсон.