Воени маневри на американската Морнарица во Арапското Море

Американската Воена морнарица денеска соопшти дека спровела маневри во водите на Арапското Море, во која учествувале ударната група бродови предводени од носачот на авиони „Абрахам Линколн“.
Американската Армија минатата недела испрати група бродови предводени од „Абрахам Линколн“ во водите на Персискиот Залив, поради, како што беше образложено, „неспецифична закана од Иран“.
Во денешното соопштение на Морнарицата се посочува дека воените маневри, што се одржале во петокот и саботата во координација со припадници на Маринскиот корпус, биле организирани со цел да се провери „подготвеноста и агилноста на САД да одговорат на закани, да одвратат од конфликт и да ги штитат американските национални интереси“.
Претходно денеска, денеска Командата на американската Петта флота, стационирана во главниот град на Бахреин, Манама, соопшти дека Членките на Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ), што го сочинуваат арапските монархии од регионот, започнале со зајакнати безбедносни патроли во меѓународните води на тоа подрачје.
Во соопштението се посочува дека земјите членки на ГЦЦ „посебно ја засилиле меѓусебната комуникација и координација за да ја поддржат регионалната поморска соработка и морските безбедносни операции во Заливот“.

Саудискиот министер за надворешни работи Адел Џубеир денеска соопшти дека Ријад сака да биде избегната војна во регионот, но дека е подготвен да одговори со „сета сила и решителност“ доколку бидат загрозени саудиските интереси.
Тој го обвини Иран за обиди за дестабилизација на регионот и ја повика меѓународната заедници да го спречи таквото однесување на Техеран.
Властите во Бахреин вчера им препорачаа на своите државјани да не патуваат во Ирак и во Иран и ги повикаа оние што веќе се наоѓаат во овие две држави, во интерес на нивната безбедност, „веднаш“ да заминат од таму, поради „нестабилните регионални околности, опасниот развој на настаните и потенцијалните закани“.
Во средата САД повлекоа дел од персонал во нивната Амбасада во Багдад, а денеска американската компанија „Ексон“ ги евакуираше своите странски работници од нафтеното поле во ирачката покраина Басра, што се наоѓа во близина на границата со Иран.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
