Воена делегација од САД во посета на Министерството за надворешни работи
Република Македонија очекува поддршката од САД на планот на евроинтеграцијата на земјата да продолжи со несмален интензитет, истакна државниот секретар во Министерството за надворешни работи Елена Кузмановска на денешната средба со воена делегација од Соеднинетите Американски Држави.
Како што соопшти МНР, за време на разговорите била разгледана досегашната успешна билатерална соработка меѓу двете држави во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на надворешно-политичката и безбедносната соработка.
- Воедно, акцентот беше ставен на успешниот придонес на РМ во обезбедувањето на глобалната безбедност и сигурност преку учеството во мисиите за обезбедување на светскиот мир, особено во мисијата ИСАФ во Авганистан, стои во соопштението.
Посетата на американската делегација на Македонија е во рамки на програмата КАПСТОН чија цел е идните лидери на воените сили на САД да се запознаат со Република Македонија и да ги разгледаат можностите за развој на соработката помеѓу двете држави. вг/16:20
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани