Живот
11. August 2016 - 11:27

Водителка на Би-Би-Си покажа нешто повеќе од спортска страст

Преносите на Би-Би-Си од пливачките натпревари од Олимпијадата урива рекорди на гледаност, откако прво една русокоса репортерка пред камерите се појави во мини здолниште и без гаќички, а потоа нејзината колешка Ребека Адлингтон, инаку поранешна пливачка, беше снимена како го допира Марк Фостер под масата, за време на интервју.

На поранешниот пливач тоа, се чини, не му пречеше, а гледачите добија и продолжение на таквото шоу.

Така, репортерката Хелен Скелтон мораше да ги предупреди колегите и да ги потсети дека интервјуто оди во живо. Хемијата помеѓу Фостер и неговата од неодамна разведена колешка Адлингтон е толку очигледна, што се чувствува и од оваа страна на екраните.

Засега, водителско-пливачката двојка отворено не ги признава ваквите наводи.