-->
-->
Водата во село Мождивњак неисправна за пиење
-->
Според податоците од Центарот за јавно здравје од Куманово, водата за пиење од селскиот водовод во село Мождивњак е неисправна за пиење, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
- По последнитe испитувања на мострите од Центарот за јавно здравје добивме известување дека водата не е исправна, но со водоводот во селото не стопанисува Јавното претпријатие „Комуналец“ кое е задолжено за одржување на квалитетот на водата која ја пијат граѓаните, туку истиот е во сопственост нa месната заедница на Мождивњак. Превентивно од страна на „Комуналец“ е извршено хлорирање на таа вода, а по ваквата состојба жителите собраа потписи и постигнавме согласност за да го предадат водоводот на претпријатието, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Во општината има повеќе проблеми по однос на прашањето за стопанисување со селски водоводи.
- За жал и во други села месните заедници стопанисуваат со водоводите и наидуваме на отпор по однос на предавањето на истите во надлежност на „Коумналец“. Најчесто, тоа е поради можните дополнителни финансиски издатоци кои би ги имале, но жителите треба да се свесни дека здравјето е најважно и за да не се соочуваат со вакви состојби во иднина, кога може да дојде и до зарази и заболувања, апелирам, истите да ги предадат на стопанисување на ЈП „Комуналец“, потенцира Алексовски.
Водата од водоводот се уште не е препорачливо да се конзумира, а за стотината ученици кои посетуваат настава во подрачното основно општинско училиште „Илинден“ во село Мождивњак обезбедена е флаширана вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование
-
Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп