Водата во Охридското Езеро надмина 26 Целзиусови степени, горештините ги наполнија плажите
Топлото време со речиси тропски горештини што деновиве ја зафатија земјата, не го поштедија ниту Охрид каде ретко се случува температурата на воздухот да надмине 30 Целзиусови степени под сенка.
Големите горештини преку денот особено во периодот од 11 до 17 часот, ги испразнија улиците и ги наполнија плажите на езерото. Низ градот во часовите кога е најтопло има намален број луѓе, а туристите и гостите своите редовни прошетки по културно-историските знаменитости ги прават рано наутро и во попладневните часови. Најхрабрите што во најтоплите часови во денот шетаат по градот најчесто се штитат со капи и чадори, а во рацете задолжително носат освежителни пијалаци и вода.
Високите температури ја затоплија и водата во Охридското Езеро која на метар длабочина надмина 26 Целзиусови степени, што е над просекот иако се работи за најтоплиот период од годината, така што е мошне пријатна за капење и рекреација. Тоа го потврдуваат и од Центарот за јавно здравје во Охрид, каде последните анализи на водата покажуваат дека е од прва односно втора категорија, што значи безбедна за спорт и рекреација.
Споредбено со други години кога ретко водата во езерото надминува 24 степени, овој период навистина е уживање дневните часови да се минуваат под сенка покрај езерото и секако во вода. Се поголем е и бројот граѓани на Охрид и гости кои се решаваат и за ноќно капење под ѕвездите во езерото, што е посебно освежување и доживување.
Ново на Сител
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови