Водата од Вардар кај Пепелишки мост не се препорачува за капење, рекреација, наводнување, напојување стока и риболов
Водата од Вардар кај Пепелишки мост не се препорачува за капење, рекреација, наводнување на земјоделски површини, напојување стока и риболов, покажала анализата на најновата мостра земена од оваа вода, а испитувана во Центарот за јавно здравје во Велес. Ова за МИА го изјави доктор Иванка Тодоровска, раководител на подрачната единица Неготино, при велешкиот Центар.
– Анализата покажува дека водата спаѓа во трета категорија според матноста, биолошка потрошувачка на кислород, присуство на останати параметри на пример амоњак, нитрити како азот и слично. Бактериолошки, таа е во четвртата класа, појасни Тодоровска.
Токму поради тоа што водата од Вардар во тој дел близу Неготино, отстапува од параметрите од толерираната втора категорија, нагласува Тодоровска, препорачуваат таа да не се користи за капење, рекреација, наводнување, напојување стока и риболов.
Ново на Сител
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград