ВОА: Петмина ранети во вооружен напад во клиника во Бафало
Петмина пациенти се поврдени во болница во Бафало, во американската сојузна држава Минесота, кога во неа отворил оган лице кое било незадоволно од медицинскиот третман што му го пружал персоналот на клиниката, јави „Гласот на Америка“ (ВОА).
Напаѓачот е идентификуван како Грегори Пол Улрик (67), кој набрзо по нападот бил уапсен.
Гувернерот Тим Волц изјави дека биле пронајдени „импровизирани експлозивни направи“ што биле планирани за нападот.
Мотивот за нападот не е познат, но властите велат дека Улрик има историја на конфликти со клиниката „Алина“.
-Се што можеме да кажеме во моментов е дека овие спорови траеле веќе неколку години и дека тој бил незадоволен од грижата што ја добива, рече шефот на локалната полиција, Пат Бадки.
Полицијата верува дека цел на напаѓачот бил некој од внатре во клиниката, но се уште не е познато за кого станува збор.
Полицијата засега ја исклучува можноста дека нападот има терористички мотиви.
Директорот на болницата во Бафало, Кели Спрет, изјави дека петмина пациенти се повредени, но тој не даде детали за нивната состојба.
Улрик од порано и бил познат на полицијата, бидејќи претходно бил апсен и осуден за возење во пијана состојба, поседување марихуана и сериозни прекршоци за возење во пијана состојба, за кои бил и во затвор.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден