ВО ЖИВО: Грандиозна парада во Москва по повод Денот на победата

Русија го одбележува денот кога 1945 година Германија капитулираше, со што во Европа заврши Втората светска воја, со традиционална парада на Црвениот плоштад во Москва и во другите градови како и со обраќање на претседателот на државата Владимир Путин.
Парадата започна во 11 часот по московско време, односно 9 часот по наше. Најавено е учеството на 10.000 војници, 135 единици воена техника и 71 летало.
На Црвениот плоштад ќе продефилираат тенковите T-90, оклопни транспортери BTR-82A, воените пешадиски машини BMP-3, самоходните хаубици "коалција SV" i "мста-S", противавионските ракетни системи BUK-M2, противавионски и ракетно топовски системи "панцир S1" и ракетните системи "јарс".
Руската авијација зазема посебен дел од парадата па посетителите ќе може да ги видат акробатските настапи на Руските витези и Стрижи, кои се сметаат најдобри на светот, а својата надмоќ ќе ја покажат и јуришните авиони Su-25, како и култните „мигови“.
И оваа година на улиците на Москва ќе помине Бесмртниот полк - колона граѓани кои ги носат фотографиите на членовите на семејствата кои учествувале во војната.
Прославите на Денот на победата почнаа на риускиот Далечен исток. И во Јужно-сахалинск во еден наутро по московско време се одржа парада која е отворена со марш на Бесмртниот полк. На парадата учествуваа 4.000 луѓе, а меѓу нив имаше и 1.000 ученици.
Во Живо парадата во Москва:
Ново на Сител
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
