Свет
31. August 2017 - 12:40

Во железничка несреќа во Полска повредени 28 лица

 
 

Во судар на патнички и товарен воз во северна Полска повредени се 28 лица. 

Националната противпожарна служба соопшти дека нема загинати, а меѓу повредените се и четири деца.

Несреќата се случила синоќа, околу 22.00 часот, по локално време. 

Никој од повредените не е во животна опасност. 

Според прелиминарната истрага, возачот на товарниот воз не сопрел на сигналот за запирање.