Во земјотресот во Турција загинаа најмалку 31 лице

Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди провинцијата Елазаг во петокот навечер, со епицентар во малиот крајбрежен град Сиврице. Земјотресот беше почувствуван во соседните градови и земји.
Турската служба за справување со катастрофи и вонредни состојби го потврди бројот на загинатите, повеќето од нив во провинцијата Елазаг и најмалку четворица мртви во соседната провинција Малатија. Бројот на повредени исто така се зголемува, а во моментов изнесува 1.607 лица.

Спасувачките екипи и натаму бараат преживеани, а досега од под урнатините се спасени 45 лица.
Повеќе од 80 згради се целосно уништени од земјотресот и најмалку 645 се тешко оштетени во Елазаг и Малатија.
Вчера турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган вети дека турската Агенција за домување ќе стори сé што е потребно за да се осигура дека никој нема да остане без покрив над главата.

Ердоган вчера присуствуваше на погребот на една жена и нејзиниот син во Елазаг, а подоцна ги посети и повредените во Малатија.
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
