Во Загреб отворено ЕП во кошарка
Европското првенство во кошарка кое од 5.септември до 20.септември ќе се одржува во четири држави синоќа беше прогласено за отворено на церемонијата што се одржа во Загреб.
39.то ЕП за отворено го прогласија претседателот на ФИБА – Европа Тургај Демирел и претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.
- Во 1989 година Загреб беше домаќин на голем настан (Европско првенство) на кој се појавија големи играчи на овој спорт. Еден од нив беше Дражен Петровиќ, кој го поведе својот тим до подиумот. Ова е првпат Евробаскетот да се одржува во четири држави, но тоа е наша обврска бидејќи мораме да бидеме со нашите навивачи, изјави претседателот на ФИБА Европа Демирел.
Првата фаза од натпреварувањето ќе се игра во четири држави: Хрватска (Загреб), Франција (Монпеље), Германија (Берлин) и Летонија (Рига), додека завршницата ќе биде во францускиот град Лил.
Македонија ќе биде една од 24-те држави учеснички на Евробаскетот, а во првата фаза нашата репрезентација ќе игра во групата Ц во Загреб заедно со селекциите на Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и на Грузија.
На стартот Македонија утре од 18 часот ќе игра против Грција.
Директните преноси ќе можете да ги следите на програмите на СИТЕЛ и СИТЕЛ 3.
Ново на Сител
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
-
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода