Во вторник и во среда во Скопје ќе се прска против комарци

Во вторник и во среда на подрачјето на Град Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против комарци.
– Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11 јуни во вторник и на 12 јуни среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне на 12 јуни и ќе заврши најдоцна до 15 јуни (од среда до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден, информираат од Град Скопје.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
