Во вториот круг ќе гласаат 1.435 болни и изнемоштени и 939 затвореници
Општинските изборни комисии (ОИК) во 35 општини утре ќе ги дистрибуираат избирачките ливчиња до 1.517-те избирачки одбори кои ќе го спроведуваат вториот круг од локалните избори 2017 година в недела.
Утре први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во притвор. Според информациите на ДИК во овие 35 општини каде што се спроведува вториот круг на изборите за градоначалник за гласање се пријавени 1.435 болни и изнемоштени лица. Право на глас имаат и 939 затвореници кои ќе глсаат во 13 казнено поправни установи.
Имајќи предвид дека Избирачкиот список за овие локални избори е заклучен пред одржувањето на изборите, лицата што ги немало во изводите од Избирачкиот список на првиот круг на 15 октомври, и во сабота и в недела нема да може да го искористат правото на глас.
Според Упатството на ДИК, постапката и начинот на гласање е ист како и досега, но различно е тоа што сега во овие 35 општини ќе се гласа само на едно избирачко ливче.
Резултатите од гласањето ДИК сукцесивно ќе ги објавува на својата веб-страна.
Ова се шести локални избори во Македонија.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место