Свет
7. May 2016 - 21:30

Во воздушните напади врз ИД во Сирија ликвидирани 48 исламисти

Меѓународната коалиција, предводена од САД, во последните воздушни напади во Сирија ликвидирала 48 исламисти на групата Исламска држава, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на турската државна агенција Анадолија.

Авионите „Ф-16“ и „А-10“ во градовите Харџала, Делха, Барагитах и Навар Килис ликвидирале 44 борци на ИД, за турската агенција посочи турски воен претставник.

Други четворица членови на сунитската радикална организација се убиени во нападите во реонот Каракопру.

Во нападите се ранети исламисти и уништени се нивни бази и одбранбени инсталации.