Во Виница заседаваа комуналните инспектори од повеќе општини
Измените во Законот за општа управна постапка и законот за прекршоци, наместо да ја олеснат работата на комуналните инспектори, дополнително ја комплицираат. Инспекторите се претворија во административни службеници на судовите, се пожалија општинските комуналци кои денеска заседаваа во Виница во рамките на Здружението на комунални инспектори на Македонија.
Сите беа едногласни во апелот за допрецизирање на овие закони, побараа точно да се одредат границите на надлежностите, за инспекторите и за судовите.
Според Љубе Стојков, виш инспектор на град Скопје, во Законот за управна постапка треба да се допрецизира начинот на завршување на постапката, за што е неопходно донесување правилник од страна на Министерството за информатичко општество .
Претседателот на Здружението Гоце Георгиев ги сподели и своите искуства од неодамнешното студиско патување во Америка, во однос на управувањето и селекцијата на отпадот.
Максимална подршка во работата на комуналните инспектори дадоа првиот комуналец во Виница Игор Спасовски и градоначалникот Емил Дончев.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица