Во Виница презентиран локалитетот Кокино
Во организација на музејот „Теракота“ од Виница денеска пред жителите на општината и регионот беше презентирана мегалитската опсерваторија Кокино, од страна на археологот Јовица Станковски, кој е и откривач на овој меѓународно признат локалитет.
- Пред жителите на Виница ја претставивме мегалитската опсерваторија Кокино со сите нејзини археолошки вредности при што презентиравме богатство од материјал, археолошки наоди и слично. За одбележување се многубројните наоди од Бронзеното време, втор милениум пред нашата ера во сите нејзини фази. Археолошките наоди навлегуваат и во првите два века од Железното време, што му дава посебна особеност на локалитетот во светски рамки, изјави Станковски.
Кокино како мегалитска опсерваторија од страна на НАСА е ранирана на високото четврто место по значење во светски рамки, што за нас е од особено значење, додаде Станковски.
Според него, истражувањата траат од 2001 година кога е откриено Кокино, па се до денес.
Добивањето сертификати за водичи низ локалитетот Кокино, за Станковски значи можност повеќе овој локалитет да се доближи до поосетителите, затоа што, како што посочи, годишно Кокино го посетуваат над 20 илјади посетители од земјата и странство.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи