Во Виница 750 барања за легализација без доставени елаборати
Легализацијата на дивоизградените објекти во општина Виница се реализира според динамиката на доставување елаборати од страна на граѓаните. Од општинската администрација на Виница истакнуваат дека 750 лица кои поднеле барање за легализација, уште во 2011 се уште немаат доставено соодветен елаборат иако рокот за поднесување на истиот завршува со крајот на 2016 година.
Во законски определениот рок во Виница се поднесени 3.060 барања за легализација на дивоизградени објекти. Досега според поднесените целосни документи решени се 1.100 барања, 150 предмети се повлечени од постапката за легализација, за 750 предмети се чека доставување на потребните елаборати, додека 1.000 предмети се во постапка на решавање.
Општина Виница ги известува граѓаните дека рокот за поднесување на геодетски елаборати за утврдување на правниот статус на бесправен објект е до 31. декември годинава и се однесува на оние граѓани кои поднеле барање во 2011 година и за оние кои пднеле барање во 2014 и 2015 година.
Оние жители кои поднеле барање за легализација од декември 2015 до 31. март 2016 година, рокот за доставување на геодетски елаборат е до 31 декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица