Во Виница 170 првачиња и 154 нови средношколци
Од утре во училишните клупи во Виничко ќе седнат 1959 ученици, од кои 170 првачиња, 154 нови средношколци, информираат од Одделението за општествени дејности при советот на општина Виница.
Најмногу првачиња има запишано основното училиште „Гоце Делчев“, 60 во Виница, 15 во село Истибања и 12 во село Јакимово, а најмалку основното училиште во Блатец, само шест првачиња.
Во ОУ „Славчо Стојменски“, пак, се запишани 61 прваче од кои 51 во централното училиште во Виница, и по пет во селата Лески и Градец каде од оваа учебна година се воведува едносменско работење. ОУ „Никола Парапунов “ во село Драгобраште има запишано 16 првачиња,
од кои девет во Трсино, седум во село Драгобраште. Само едно прваче годинава е запишано во село Лаки, а село Липец нема запишано ниту едно.
Во СОУ „Ванчо Прќе“ со последниот уписен рок се пријавени и запишани 154 средношколци, од кои 97 во гимназиско образование, цели 5 паралелки, 18 во текстилната струка, 21 ученик во машинската струка и останатите во сообраќајната струка.
Ново на Сител
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот