Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.-О
-Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500000. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври,е може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти, изјави Заев.
Ссо оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ
Апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалние каси на домашните од странски производи и услуги.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
