Во Виена се очекува церемонија за постигнување спогодба меѓу Иран и шесторката
Церемонијата за усвојување на спогодбата за иранската нуклеарна програма меѓу Иран и шеторката (петте постојани члени на Обединетите нации плус Германија) се очекува да се одржи денеска изутринава во седиштето на ОН во Виена по пленарната седница на делегациите, изјави дипломатски извор, јави ТАСС.
Пленарната седница за евентуална конечна спогодба, со која ќе се ограничи нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на санкциите ќе почне во десет часот по локано време во седиштето на ОН во Виена.
- Склучувањето на спогодбата е можно да се случи денеска, изјави во Виена иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.
Според европски дипломатски извор Европската унија ќе ги замрзне санкциите против Иран до крајот на годината и ќе биде донесена одлука за нивно целосно укинување.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина