Во Виена почнува Самит за поттик на европскиот пат на Западен Балкан

Во Виена денеска се одржува Самит за Западен Балкан на кој ќе учествуваат лидери од регионот и ЕУ со цел да се поттикне европскиот пат на регионот, но и поради моментната ситуација, да се обиде да се најде решение за проблемот со азилантите.
Самитот е продолжение на берлинскиот процес од лани инициран од германскиот канцелар Ангела Меркел и кој има за цел поттикување соработка на Балканот.
Денешниот ден ќе почне со прес конференција на шефовите на дипломатии и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан кој ќе извести за целите на Самитот.
Потоа ќе биде одржан состанок во врска со изградбата на автопатот Ниш-Приштина-Драч како и работен појадо на министрите за економија од регионот и ЕУ.
Самитот ќе го отвори во 11 часот австрискиот канцелар Вернер Фајман. Виенскиот самит ќе биде можност за претставување инфраструктурни проекти на регионот, но и поради актуелната ситуација ќе биде во знак на решавање на проблемот со азилантите.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
