Во Виена отворена изложбата Фемина 8
Во галеријата Мерикон во Виена, синоќа е отворена изложбата Фемина 8, Проект на ДЛУМ, поддржан од страна на Министерството за културан на Република Македонија.
Во присуствуво на претставници од дипломатскиот, политичкиот и културен живот во Виена и други љубители на уметноста, изложбата ја отвори амбасадорот Кире Илиоски, постојан претставник на Република Македонија при ОБСЕ, ОН и другите меѓународни организации во Виена.
Тој се осврна на важноста од промоцијата на овој успешен Проект, кој прв пат се презентира надвор од границите на Македонија, во Виена, во срцето на Европа.
На изложбата се обрати и претседателот на ДЛУМ Кристијан Санев, кој ги запозна присутните со активностите на Друштвото. Кураторот на постановката Јана Манева Чупоска, пак, кусо го објасни проектот чии творци, покрај неа се и Н.Милованчев, И.Паскали, Д.Томиќ, Г.Вренцоска, М.Кировска, М.Труикановиќ и И.Петрушевска.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ