Во Веракруз две лица загинаа во ураганот Катја
Гувернерот на мексиканската држава Веракруз, Мигел Анхел Јунес денеска изјави дека синоќа загинале две лица при налетот на ураганот Катја во Мексикански залив.
Тој додаде дека двете лица загинале при лизгање на земјиште, како и дека е зголемено нивото на водата во некои реки. Јунес посочи дека 2.886 лица се евакуирани од своите домови.
Министерството за внатрешни работи на соседната држава Пуебле превентивно евакуира 1.500 луѓе и ги смести во засолниште. Но, нема пријави за сериозна штета и жртви.
Ураганот Катја удри синоќа во источниот брег на Мексиканскиот Залив, а во меѓувреме ослабна до тропска бура, со брзина на ветерот од околу 70 километри на час.
Мексиканската Служба за вонредни ситуации се справува со последиците од вчерашните земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет 8,1 степени според Рихтеровата скала, кој во јужниот дел на земјата усмерти над 60 луѓе.
Ново на Сител
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград