Во Венецуела забранија протести

Властите во Венецуела забранија денеска протести што може да „попречат или влијаат“ врз изборите за уставотворно собрание в недела.
- За оние што нема да ја почитуваат наредбата казните се пет до 10 години затвор, изјави министерот за внатрешни работи Нестор Реверол.
Венецуелското Јавно обвинителство соопшти дека на вчерашниот протест против претседателот на државата Николас Мадуро, загинал 49-годишен маж.
В недела во Венецуела ќе се одржат избори за уставотворно собрание кои опозицијата ги бојкотира. Според нив, целта е да се смени Уставот и обезбеди мнозинство за влада која нема доволна поддршка од народот.
Во четиримесечните протести во Венецуела против Мадуро загинаа 107 луѓе.
САД им наредија на семејствата на американските дипломати да го напуштат Каракас пред одржување на гласањето.
Стејт департментот, исто така, ги предупреди американските државјани да не патуваат во Венецуела поради зголемените тензии и насилство.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро свика избори за Уставотворно собрание, со цел да биде сменет уставот. САД го повикаа Мадуро да ги откаже изборите и му се заканија со дополнителни санкции доколку не го направи тоа.
Ново на Сител
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
