Во Велика Британија започна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија, двајца други признаа вина
Двајца Бугари денеска пред судот во Лондон признаа дека биле руски шпиони во Велика Британија, на почетокот на случајот против уште тројца Бугари обвинети дека биле дел од истата шпионска мрежа.
Триесет и тригодишната Катрин Иванова, 30-годишната Вања Габерова и 39-годишниот Тихомир Иванчев се изјаснија за невини по обвиненијата за заговор за шпионажа, и меѓу себе и со други, вклучително и руски агент познат како Ричард Тич.
Иванова се изјасни и за невина за поседување лажни лични документи.
На почетокот на седницата на лондонскиот суд, обвинителката Алисон Морган рече дека уште двајца мажи – Орлин Русев и Бисер Џамбазов, признале дека биле дел од шпионскиот заговор.
-Помеѓу 2020 и 2023 година овие обвинети, заедно со голем број други лица, шпионирале за Русија. Сите знаеја зошто им беше наредено да ги извршуваат своите операции. Нивните активности беа преземени директно и индиректно во корист на Русија, рече Морган.
Според Морган, групата вршела надзор, користела лажни идентитети и висока технологија и изготвувала детални извештаи во замена за значителни суми пари.
Случајот доаѓа во време кога односите на Велика Британија со Русија се најнепријателски во последните децении поради инвазијата на Москва на Украина и поради извештаите дека британските ракети со долг дострел се користени на руска територија.
Русија во вторникот протера британски дипломат обвинет за шпионажа, а во октомври шефот на британското домашно разузнавање ги обвини руските разузнавачки служби дека се обидуваат да „нанесат хаос“.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов