-->
-->
Во велешкото село Иванковци бетонирани улиците, решен и проблемот со атмосферските води
-->
Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со Илија Димовски пратеникот во Собранието на Република Македонија, денеска направи увид на завршените бетонирани улици во селото Иванковци.
Со проектот „Изградба на улици во село Иванковци“ нагласи градоначалникот Славчо Чадиев, се уреди центарот на селото.
- Воедно се овозможи поврзување на централната со попречните селски улици и се реши проблемот со прифаќањето и одведување на атмосферските води, потенцира Чадиев.
Финансирањето на проектот со средства во висина од 5,5 милиони денари е од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2015 година насловена „Обнова и развој на селата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип