-->
-->
Во велешко одбележан празникот Св. Атанасиј Велики
-->

Цркви, манастири и параклиси во некои велешки села, кои се во рамки на Повардарската епархија денеска го одбележаа празникот посветен на Св.Атанасиј Велики.
Отец Драгољуб Костадиновски изјави дека синоќа во црквата „Св.Атанасиј“ во велешкото село Извор, која потекнува од 19 век се служела свечена празнична вечерна богослужба, денеска се сечел празничен колач од кумовите на славата, а имало и водосвет во присуство на голем број православни верници од селото и околните населени места.
Празникот Св. Атанасиј по традиција денеска се слави и во истоимената црква „Св. Атанасиј“ од 17 век, која се наоѓа во велешкото село Теово, како и во истоимениот параклис во селото Лисиче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
