Во велешката Општа болница примени осум лекари
Во Општа болница Велес склучени се договори за вработување на неопределено време на осум лекари од кои, пет се по општа медицина.
Како што појаснуваа од болницата тие петмина општи лекари ќе бидат упатени на специјализација согласно програмата за стручно усовршување на ЈЗУ Општа болница Велес, по следните специјалности: Клиничка педијатрија, Радиологија, Општа хирургија, Гинекологија и Неврологија.
Воедно изминатата недела се вработени и три лекари специјалисти и тоа по гинекологија и акушерство, психијатрија и физикална медицина и рехабилитација.
Од болнцата посочуваат дека тие и понатаму продолжуваат со нивните барањата до надлежното Министерство за здравство да одобри нови вработувања за нови лекари и друг медицински кадар кој недостасува во велешката Општа болница.
Тие очекуваат трендот на нови враборувања во болницата да продолжи.
Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница на 18 септември годинава на новинарско прашање за вработување нови лекари и друг медицински кадар, појасни дека потребите со медицински кадар во болницата ќе се пополнуваат согласно нејзините потреби.
Директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Митко Стровјановски, тогаш информира дека болницата има потреба од 41 ново вработување од кое најмногу, 27 за медицински кадар
Ново на Сител
-
„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани
-
Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба
-
Градоначалиникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе оставка
-
Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот кои се на лекување во странство