-->
-->
Во велешката касарна заклетва на 31. генерација војници
-->
Во кругот на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска младите војници од 31. генерација на доброволно служење во АРМ ја даде свечената заклетва.
На 56-те војници од генерацијата февруари 2017 меѓу кои и шест девојки, заклетвата им ја честита командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски.
Тој информира дека во наредните три месеци со основната воена обука ќе ги запознаат врвни старешини на АРМ од Центарот за индивидуална обука (ЦИО) кој работи во рамки на Командата за обука и доктрини. Воедно ги потсети дека ако успешно ја завршат обуката, може да се пријават на еден од конкурсите за професионални војници на АРМ.
Од името на Генералштабот на АРМ војниците ги поздрави генерал-мајорот Мухамед Рацај кој потенцира дека е посебна чест и гордост да се биде војник на АРМ.
- Со овој чин се обврзавте дека ќе ја браните нашата татковина, а некои од вас потоа може и да останат во редовите на АРМ како професионални војници кои се столбот на АРМ, потенцира Рацај.
Од името на Министерството за одбрана, присутните ги поздрави и на младите војници им ја честита заклетвата државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска