-->
-->
Во велешката касарна на АРМ одбележан 15 април Денот на Командата за обука и доктрини
-->
Во велешката касарна на АРМ „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска во салата на војничкиот клуб свечено беше одбележан 15 април - Денот на Единицата, односно на КОД-Командата за обука и доктрини.
Како што потсети од свечената бина полковникот Љупчо Костовски командант на КОД, на 14 април 1992 година во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут,припадник на АРМ, а тоа беше велешанецот Панче Јамандиев. Веќе следниот ден на 15 април празните касарни ги пополниле и останатите регрути од новоформираната Армија на Република Македонија.
- Ние во Командата за обука и доктрини - КОД,се определивме и го предложиве овој Ден 15 април,како Ден на нашата Единица,поаѓајќи од фактот на континуираното ангажирање на почетокот на обуката и подготовката на граничарите за чување на државната граница.Подоцна и во интензивната обука на регрутите,а потоа и на граѓаните на доброволно служење на воениот рок,затоа овој Ден некои го нарекуваат и Ден на македонскиот војник,информира полковник Костовски.
Тој потсети дека КОД е задолжена за индивидуалната обука на сите припадници на АРМ преку Центарот за индивидуална обука, Центарот за обука на питомци и Центарот за странски јазици.Воедно даваат и интензивна поддршка на колективната обука на сите Команди и Единици на АРМ па и на други државни агенции и институции,а преку КОД годишно се опслужуваат околу 15 илјади лица.
Во 2012 година формиран е Центарот за изработка на доктрини,правила и упатства и научени лекции во кој досега се одобрени повеќе од 100публикации,преточени во правила,упатства и прирачници, информира полковник Костовски.
- Нов импулс ни дава формирањето на Центарот за симулации кој е во завршна фаза и за очекување е за наредната годишнина да се пофалиме со организација на првата компјутерски подржана симулациона вежба во сопствена режија, најави полковник Костовски.
На свеченоста беа доделени награди и пофалници на некои од успешните припадници на КОД,како и пехарите и призанијата на минатонеделните спортски игри што ги организира КОД.
Воедно беа доделени и наградите во книги на ученици од велешката Гимназија „Кочо Рацин“ по распишаниот литературен конкурс на тема АРМ.Свеченоста беше заокружена со македонски ора во изведба на КУД „Коле Неделковски“ од Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило