-->
-->
Во велешката болница се намалува бројот на пациенти на кислородна поддршка
-->
Во Општата болница во Велес денеска има 29 пациенти на кислородна поддршка, што е за десет помалку споредено со вчера кога беа 39.
Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти од кои 67 се потврдени позитивни на Ковид-19, четири сомнителни и 15 пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување, информира портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.
Таа посочи дека вчера имало 90 хоспитализирани, а 71 позитивен на Ковид-19.
Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест, а вчера беа испишани шесмина оздравени од Ковид-19. Починат е еден пациент со Ковид-19 на 79-годишна возраст, од село Каратманово, кој бил лекуван три дена на Интерното одделение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност