Македонија
14. February 2017 - 9:27

Во Велес запален автомобилот на директорот на фабриката Благој Ѓорев

Два автомобили биле запалени минатата ноќ во Велес. Неофицијално едниот од автомобилите е во сопственост на директор во фабриката за масло Благој Ѓорев, а вториот наводно изгорел како колатерална штета.

Полицијата прави увид и наскоро ќе излезат со официјални информации.