Во Велес втор ден нема новозаразени со Ковид-19, пет излекувани
Во изминатите 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на Ковид-19, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје. Денеска има пет излекувани пациенти.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 62 лица од кои девет се излекувани, три смртни случаи и 50 активни.
Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, на лекување има 19 пациенти од кои кај 16 е потврдено присуство на Ковид-19, а кај тројца пациенти се чекаат резултатите од земен брис.
Како што појасни д-р Неделковска Николова, сите пациенти во Инфективното одделение се во добра и стабилна здравствена состојба. Добра вест е што од велешката болница денеска се испишани тројца излекувани пациенти од Ковид-19, а вчера биле испишани четворица, или за два дена од велешката болница се излекувани седум пациенти.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега