Во Велес ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа
Кандидатот на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Општина Велес Марко Колев вечерва во центарот на Велес пред голем број присутни граѓани прогласи победа во првиот круг од локалните избори 2021 пред својот противкандидат од коалицијата на СДСМ Ненад Коциќ.
Во своето обраќање до велешани на прославата во центарот на Велес, Марко Колев истакна дека разликата е огромна. Тој им се заблагодари на сите што помогнаа и учествуваа во кампањата и на сите што својот глас го дадоа за него и коализијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Времето не’ не послужи, но љубовта и желбата за просперитетен Велес, за Велес кој го сакаме успеа. Сакам да порачам дека на митинзите и настапите зборував многу јавно и отворено. Не омаловажуваа, ни го деградираа образованието, ни ја деградираа работата, но издржавме машки. Е, сега ќе ви покажеме како се работи за Велес. Како се работат проекти и како се мисли на велешани, порача Колев.
Воедно Колев упати апел за смирување на страстите во Велес, затоа што, како што рече, Велес мора да оди напред.
-Велес мора да фати чекорот со другите градови околу нас, затоа што Велес е срцето на Македонија, порача Колев.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес информираат дека водат и во освоени гласови во Советот на Општина Велес.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава