Во Велес утре трето авионско прскање против комарци

Општина Велес информира дека утре од 5 до 6:30 часот наутро ќе се изведе трето авионско прскање против комарци.
Како и изминатите две прскања и со ова ќе бидат опфатени езерото „Младост“, селото Отовица, месноста Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ градот се до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари. На запад со прскање ќе бидат опфатени населбата Превалец, населбата Керамидна, фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.
Општина Велес апелира до пчеларите од овој реон во времето на третирање и три-четири часа потоа да ги затворат кошниците со пчели поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи од дожд, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, петти август.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
