Во Велес свечено отворени 53 „Рацинови средби“
Во Велес синоќа беа отворени 53. „Рацинови средби“ посветени на поетот и револуционер Кочо Рацин, кој ја напиша безвременската „Бели мугри“.
На платото пред Спомен костурницата во Велес, манифестацијата ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, која говореше за големината и значењето на Рацин и за „Рациновите средби“ како една од најзначајните културни манифестации во земјава.
- Рацин имаше верба дека утре ќе се отвори нова надеж за Македонија на картата на Европа и на светот. Оваа манифестација веќе пет децении го прославува творештвото на Рацин. Но, таа е особено значајна и за актуелните млади македонски автори кои денеска го градат достоинството на македонската култура и ја афирмираат македонската книжевност во меѓународен контекст. Со поезијата на Рацин, македонската литература ја доби неопходно потребната поврзувачка нишка меѓу традицијата и современоста. Создавајќи во дослух со современиците, Рацин ги постави темелите на современиот развој на македонската поезија, осмислувајќи еден континуитет произлезен од народната песна чиј јазик токму во неговиот творечки зафат ги покажа неисцрпните можности на уметноста на пишаниот збор, потецира Канческа Милевска.
На свеченоста беа доделени и нововостановените награди од минатата година. Младата поетеса Даница Ивановска Лепојевиќ ја доби наградата „Антологија на болката“ за нејзината стихозбирка „Сјај, страв и песни“, а на Горан Лазевски во отсуство му беше доделена наградата на твитер „Напиши љубов во 140 карактери“. Лазевски, како што беше посочено, паричниот дел од наградата го даде за Друштвото на родители на деца заболени од церебрална парализа од Велес.
Свеченоста беше збогатена со перформансот „Тука сум“ на Олга Панго, со огномет над градот и со поетско читање од страна на десетина современи македонски поети од повозрасната и помладата генерација.
Програмата на средбите продолжува денеска со промоција на книги и изложба и положување цвеќе на споменикот на Рацин. Свеченото затворање е вечерва во салата на Новиот театар во Велес, кога ќе бидат доделени и традиционалните награди „Рациново признание“ на Сашо Димоски и на Владимир Јанковски, како и „Почесното Рациново признание“ на проф д-р Борислав Павловски.
Ново на Сител
-
Силна експлозија уништи зграда во областа Монтеверде во Рим
-
Папата денеска се појавува во јавноста за прв пат откако беше хоспитализиран
-
Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки
-
Додик: Повторно се кандидирам за претседател, ќе спроведеме избори на ниво на РС
-
Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана врз Израел од Јемен
-
Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
-
Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи
-
Утрово измерени 3 степени во Берово, Лазарополе, Попова Шапка и 10 во Штип и Демир Капија