Во Велес промовирана книга „Моденото семејство и бог“ од протоереј ставрофор Панзов
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовирана книгата „Модерното семејство и бог“ од протоереј ставрофор м-р Горан Панзов од Повардарската епархија со седиште во Велес.
- Делото на Панзов претставува убава можност нашата поширока општествена и научна јавност да се запознае со специфична проблематика од областа на семејниот живот, родителството и религиозното учење, а на кое за жал и покрај неговата актуелност, посебно во сложените општествени прилики на живеење е недоволно проучено, односно не му е посветено потребното научно внимание, рече промоторот на книгата Кети Арсовска Несторовска, проректор за меѓународни односи на Меѓународниот славјански универзитет Г.Р.Державин од Свети Николе и ментор на Панзов магистерските студии.
Крупните општествени промени кои ги зафатија сите сфери во општествениот систем во периодот на транзиција, дополни Арсовска-Несторовска, нужно ја нагласуваат потребата за научно елаборирање на дерегулацијата на животот и социјалните промени во семејството, во смисла на тоа како тие се рефлектираат на персоналното функционирање на луѓето со тенденција на се подоцнежно стапување во брак, како и зголемување на бројот на разводи на брак. Книгата претставува импулс на експлорација на бракот-семејството, како и на родителската конструкција која се менува и трансформира во просторот и времето, појасни Арсовска Несторовска.
Авторот на книгата Панзов истакна дека семејството од секогаш било предмет на интерес на општествените и природни науки. Улогата на семејството, според него, се одредува првенствено во однос на подготовката на децата и адолесцентите за нивните улоги во општеството, надвор од семејството.
- Нема здрава заедница без слободна и здрава индивидуа. Формирањето на религиозната личност почива врз прифаќањето на божјото постоење. Учењето за религијата во себе ги содржи сите полиња на човековата активност, како духовна и материјална индивидуална и општествена, образовна и културна.Т аа ја испитува и превенцијата, ги елиминира сите лоши насоки кај човекот и заедницата. Превенцијата за успешно обликување се состои во семејството. Сликата за семејството е слика за општеството, а религијата го набљудува семејството како мало општество, рече Панзов.
Промоцијата беше збогатена и со презентирање религиозни и други поуки за животот и семејството од актерката Весна Димитрова Бобевски како и настап на членовите Младинското студио „Словото“ под нејзино раководство, кое изведоа поучни драматизации поврзани со темата.
Со прогодна програма настапи и Градскиот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ под диригентската палка на проф. Славица Ставрева.
Ново на Сител
-
Играчите на АЕК се повлекоа, натпреварот со Алкалоид одложен
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
-
УХМР: Утре се очекува силен ветер од северен правец
-
Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
-
Полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска од MO загинале во сообраќајката кај „Илинден“
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску