Во Велес почна 16. Фестивал на античка драма „Стоби“
Во организација на Здружението на граѓани ФАД „Стоби“, а под покровителство на општина Велес и Министерството за култура, синоќа на сцената на велешкиот Народен театар започна програмата на 16. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ .
На свеченото отворање беше изведена претставата „Перикле“ на театарот од Шабац од Србија, по текст на Вилијам Шекспир, а во адаптација, режија и сценографија на Никита Миливојевиќ.
Програмата на фестивалот продолжува вечер во 20 часот со претставата „Едип Тиранин“ на Театарот „Стефан Киров“ од Бугарија, која исто така ќе се натпреварува за една од фестивалските награди.
Претставата е работена по текст на Софокле во режија на Билјана Петрова и сценографија на Елица Андреева. Како што појаснува режисерката Петрова, најбитното нешто за целиот тим на оваа продукција било да открие што е можно да се замисли и да се оживее денес, кога се препрочитува една античка трагедија.
- Најбитното е како еден човек, чиј повик е да биде ослободител од тиранијата на злото, не е способен да и се спротивстави на сопствената судбина и покрај свесните обиди да се бори против неа, појаснува режисерката Петрова.
На програмата на Фестивалот „Стоби“ во Велес ќе бидат изведени вкупно осум антички драми од кои шест кои се од Србија, Казахстан, Бугарија и Македонија се натпреваруваат за една од наградите: „Гран при“ за најдобра претстава, награда за најдобра режија и за најдобра машка и женска улога, а кои ќе бидат доделени на 21 октомври кога свечено ќе биде затворен Фестивалот.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти