Во Велес отворена изложбата на Агрон Салиу „Ризница од вредности и значења“
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Ризници од вредности и значења“ на Агрон Салиу 33 годишен ликовен уметник од Тетово, кој за првпат изложува во Велес.
На изложбата се претставени 35 дела во кои централниот мотив е портретот.
Како што појасни пред присутните Анита Василкова Мидоска од Народниот музеј, кој е организатор на изложбатa, презентирани се 35 дела во кои централниот мотив е портретот.
- Портретот е дел од уметноста преку кој Агрон Салиу ја креира длабоката психолошка, а пред се емотивна природа на ликот кој го презентира. Неговите творби во себе ја сплотуваат ликовната умешност и умешноста проткаена со предизвикот преку сопствениот ракопис и четка да ја презентираат човечноста на ликот. Кога велам човечноста тоа значи дека пред нас во неговите уметнички дела е распослана комплексноста на емотивноста и емоционалноста на човечкото битие, а тоа значи да го препознаеме плачот, среќата, смиреноста и рикот за живот во секое дело или во секој лик. Во неговиот колорит дури и светлината и темнината имаат улога на емоција, а дисторзијата на ликовите се во функција не само на уметничкиот израз туку многу повеќе како рефлексија на човековата кршливост и немоќ која е проткаена во делото, која го води набљудувачот низ емотивната и уметничка патека креирана во процесот на создавањето, појасни Василкова Мидоска.
Таа потенцира дека затоа „патеката која води кон вистината“ во овие дела е создадена од емоционалниот крик на ликот, емотивно-уметничка експресија на авторот и сензибилитет на гледачот и дека токму во духот на таа синергија треба да се набљудува и доживее изложбата и секој од посетителите да го понесе во себе највредниот дар од „Ризницата на вредности и значања“.
Во изјавата за медиумите на уметниот Агрон Салиу, потенцира дека е среќен и има чест што за првпат изложува во градот на Рацин.
- Јас во портретите ги презентирам луѓето со кои што се дружам од разни социјални слоеви. Портретот го третирам повеќе од десет години и ликовите тука претставени се мои персонажи, а некогаш сликам и некој од моето семејство, зависи од моето расположение. Преку ликовите јас „пукам“ од моето незадоволство и моето задоволство, појасни авторот.
Неговите портрети се со едно и без ниедно око, но сепак зрачат и гледаат.
- Тоа е така затоа што преку моите портрети е претставено незадоволството кај луѓето, зошто велат нема поќор од тој што не сака да гледа. Тоа е така на пример бидејќи младите имаат потешкотии за вработување и други проблеми и некои кои што им ги прават проблемите и јас затоа преку своите слики тоа го претставувам преку детали, а што е многу сложено да се претстави преку уметноста и така настануваат овие мои портрети, појасни авторот Салиу.
Ново на Сител
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка