Во Велес отворена изложба од Кичевската ликовна колонија 2015
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ликовна изложба на дела од 22. Интернационална Кичевска ликовна колонија 2015.
Од 50-тината создадени дела, во Велес се претставени 31 дело од 19 уметници од петнаесет држави во светот:Малезија,Турција,Северен Кипар,Германија,Казахстан,Русија,Црна Гора,АлбанијаКосово,Бугарија,Македонија и други земји.
Како што појасни Елица Николова директор на Народниот Музеј од Велес и промотор на изложбата, уметноста во овој случај делува како обединувач.
- Ја гради целината, ги надополнува етничките, географските, временските разлики, ги обединува преку меѓучовечките односи. Преку разликите уметникот ја осознава својата природа трагајќи по оригинален и автентичен израз, кој во мноштвото на слики е препознатлив, потенцира Николова.
Изложбата за отворена ја прогласи нејзиниот организатор и промотор Горан Доневски од Кичево.
Тој посочи дека Куќата на уметноста сместена во густа борова шума во село Кнежино Кичевско е многу интересна за уметниците кои сакаат да бидат дел од неа.
- Куќата на уметноста поседува над 800 уметнички слики, стотина акварели и осумдесетина скулптури изработени на оваа колонија во изминатите 22 години, информира Доневски.
Досега изложбата била претставена во Кичево,Скопје, Кавадарци и сега во Велес. Во новата година се планира да биде прикажана и во Куманово, Прилеп, Битола и други градови во земјава, како и да гостува во Софија.
Во Велес изложбата беше дел од завршните културни збиднувања во рамките на манифестацијата „Велес -Град на културата 2015“.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите