Во Велес одбележан 11 Октомври -Денот на народното востание

На Спомен – костурницата од НОВ во Велес денеска со богата свечена програма беше одбележан празникот 11 Октомври –Ден на народното востание и јулилејот 40 години од отворањето на Спомен – костурницата.
На свеченоста на која присуствуваше Кочо Анѓушев заменик на претседателот на Владата и задолlжен за економски прашања,на присутните им се обрати градоначалнико на Општина Велес,Аце Коцевски.
Од ова место, во оваа Спомен – костурница со исклучителна убавина, дело на инженерот Саво Суготин и академскиот вајар Љубомир Денковиќ од Нови Сад и ликовно обликувана со мозаикот од академскиот сликар Петар Мазев, Коцевски рече дека му испраќа безвремена порака на светот за надчовечката храброст и саможртва на нашите предци што го дадоа најскапоценото за својата татковина-својот живот, своите соништа и својата иднина.
-За сите нас го жртвуваа – најсветото- својата младост и ни го донесоа „силно светнатиот ден“ за кој копнееше Рацин. Ве поканувам секогаш кога ќе погледнете во оваа грандиозна белина, во овој свет симбол на непокoрот на македонскиот народ да го понесете во срцата крикот за слобода сокриен во молкот на велешката Спомен костурница и да осознаете какви великани на човештвото го чуваат секое изгрејсонце во Велес, порача Коцевски.
Тој во овој свечен миг на сите генерации на градот и земјава им упати бескрајно голема благодарност на сите покојни и живи партизани учесници во НОВ.
-Поради нивната храброст, за патриотизмот и прогресивноста,затоа што застанаа на вистинската страна,на страната на правдата и слободата и затоа што ни ја подарија сегашноста и иднината,потсети Коцевски.
Тој информира дека Регионалниот совет за соработка поддржан од ЕУ ја вклучи Спомен-костурницата во Велес во културната рута во Југоисточна Европа, помеѓу најзначајните споменици од Втората светска војна.
На програмата свој настап имаше Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, а свој настап имаше и „Рене Егл и група „Кутерн“ од Алзас Франција. Имаше и изведба на рецитал на македонска борбена поезија, а свој настап имаше и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и професори од ООМУ „Стефан Гајдов“, со изведба на композиции на виолина и пијано.
Воедно беше промовиран и каталогот за Спомен костурницата кој со финансиска подршка од Министерството за култура, а кој го изработи Марин Клифов в.д. директор на Народниот музеј под чија ингеренција и одржување е Спомен костурницата на загинатите борци од НОВ од Велес и Велешко.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
