Во Велес минатата недела 625 заболени од грип
Во Центарот за јавно здравје во Велес минатата недела биле регистрирани 625 заболени од грип.
- Меѓу болните, 65 се деца до 4 годишна возраст, а 94 деца се до 14 години. Најголем број на заболени 425 лица се во групата на возраст од 15 до 64 години, а 41 се повозрасни лица над 65 години, информира Билјана Трајкова, епидемиолог од таа јавна здраствена установа.
Таа препорача избегнување престој во затворени простори со поголем број на лица, бидејќи вирусот на грип лесно се пренесува во контакт со заболени. Појасни дека ова е вообичаено за секој февруари и нема место за паника на граѓаните, но воедно апелира тие да бидат претпазливи бидејќи болеста е лесно пренослива.
Според едвиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, минатиот месец се регистрирани само 27 заболени од грип.
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци