Во Велес годинава 20-тина првачиња повеќе од лани
На првиот училишен ден во училиштата во Велес во прво одделение тргнаа 470 првооделенци. Бројката е за 20-тина ученици повеќе од претходната година, информираат од општина Велес.
Во учебната 2017/2018 година на настава во основното образование денеска тргнаа 4.532 ученика, додека во средно образование наставата ја започнаа 2.201 ученик.
Како што посочуваат од општина Велес, факт е дека во поголем дел од велешките основни училишта и во сите средни бројката на ученици веќе десетина години се намалува во секоја учебна година.
Советот на општина Велес на својата минатонеделна последна седница го усвои предлог решението за давање на согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици.
Ова годинава се однесува на ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Благој Кирков“ на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес како и во ОУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ во село Иванковци и ОУ „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска