Македонија
4. September 2017 - 16:21

Во Велес годинава 20-тина првачиња повеќе од лани

На првиот училишен ден во училиштата во Велес  во прво одделение тргнаа 470 првооделенци. Бројката е за 20-тина ученици повеќе од претходната година, информираат од општина Велес.
 
Во учебната 2017/2018 година на настава во основното образование денеска тргнаа 4.532 ученика, додека во средно образование наставата ја започнаа 2.201 ученик.
 
Како што посочуваат од општина Велес, факт е дека во поголем дел од велешките основни училишта и во сите средни бројката на ученици веќе десетина години се намалува во секоја учебна година.

Советот на општина Велес на својата минатонеделна последна седница  го усвои предлог решението за давање на согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици.

Ова годинава се однесува на ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Благој Кирков“ на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес како и во ОУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ во село Иванковци и ОУ „Рајко Жинзифов“ во село  Горно Оризари.