Во Велес „Блакцето на баба“ по 22. пат
Во организација на Здружението на пензионери од Велес и Активот на жени пензионерки денеска во Велес по 22. пат се одржа забавно-хуманитарна, традиционална манифестација „Блакцето на баба“.
На манифестацијата со свои старински македонски блага, меѓу кои разни баклави, гурабии, аравании, ванилички, домашни торти, кајмаци, фурми, алви и други, учествуваа жени од Активите на жени пензионерки од цела Македонија.
Нада Алексоска од Активот на жени пензионерки од Велес, рече дека манифестацијата во сите изминати 22 години и годинава има за цел иницирање на подготовка на стари македонски блага по рецепт од нашите мајки баби и прабаби од минатото до денес.
- Да го зачуваме она што е наше да се идентификуваме како нација сосема различна од другите, да ја продолжиме традицијата за да не се изгубат корените од нашето дамнешно постоење. Значи да ја зачуваме нашата традиција на македонските жени за подготовка на вкусни македонски блага, а истовремено да бидеме и хумани, потенцира Алексоска.
Таа информира дека и годинава како и досега собраните средства од манифестацијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, на оние сограѓани на кои помошта им е најнеопходна.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари