Во Велес, 12 излекувани и пет новозаболени од Ковид 19 од кои еден од Чашка

Во изминатите 24 часа во Велес регистрирани се пет новозаболени од корона вирусот од кои едно лице е од општина Чашка. Со тоа, бројката на заболени во Велес изнесува 85, а во општина Чашка тројца, информираат од Центарот за јавно здравје од Велес. Четворица од заболените во Велес се од кластер на конфекциска куќа.
Според информацијата од Центарот за јавно здравје, во моментот активни со Ковид-19 во градот се 40 граѓани, а синоќа изолирани се и нови осум жители на Велес.
Од Центарот за јавно здравје оценуваат дека состојбата во градот е симптоматична и апелираат до граѓаните да бидат внимателни каде се движат и да ги почитуваат препораките со цел да се спречи ширењето на вирусот.
На Инфективното одделение во велешката Општа болница моментално се хоспитализирани 18 пациенти од кои кај 15 е потврдени присуството на вирусот, а за тројца се чекаат резултатите од тестирањето.
Според портпаролката на болницата Весна Неделковска – Николова, од болницата пуштени се четворица излекувани пациенти со што вкупната бројка на излекувани пациенти изнесува 23.
Неделковска- Николова информира дека еден пациент на 73 годишна возраст во тешка состојба денеска е препратен на натамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје.
Според Неделковска-Николова, состојбата во Велес е загрижувачка што се должи на непочитувањето на препораките од страна на дел од граѓаните. Апелира да се почитуваат препораките за заштитна маска и дистанцирање од најмалку два метра.
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
