Во украинската армија служат над 40.000 жени, од кои над 5.000 се вклучени во директни борби
Повеќе од 40.000 жени служат во украинската армија во нејзината борба против руските сили, се наведува во соопштението на украинското Министерство за одбрана, цитирано од ДПА.
Жените сочинуваат нешто повеќе од пет отсто од вкупната сила на украинските вооружени сили. А околу 5.000 од нив се директно вклучени во борбени операции.
Во извештајот на Министерството се наведува дека досега над 13.400 жени добиле статус на учесници во борбени операции.
Соопштението откри дека 41 процент од женските припадници на војската имаат деца, а повеќе од 2.500 од нив се самохрани мајки.
Во 2014 година, жените во украинската армија броеја нешто повеќе од 16.500, но според военото министерство, Киев оттогаш ги укина за нив сите ограничувања за служење во војската, забележа ДПА.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
