Во училиштата во општина Велес во тек се повеќе проекти

Во општина Велес во тек се повеќе градежни и други проекти и активности, со цел подобрување на условите на наставата во основните и средни училишта во градот и селата пред почетокот на новата учебна година.
Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, во тек е ревидирање на проектот за изведба на топловоден систем во Подрачното училиште во село Бузалково.
Тој појасни дека во ова училиште се работи на реконструкција на подни облоги и замена на внатрешни врати.
Во тек е и преградување на една училница во Подрачното училиште во Населба Превалец со што ќе се обезбеди изведување на настава во една смена. Воедно во ова училиштето во Населба Превалец ќе се изврши адаптација на котелот за топловодно греење од дрва на пелети.
Коцевски информира и дека до почетокот на учебната година се планира реконструкција на партерите пред училишните згради на гимназијата „Кочо Рацин“ и средното стручно училиште „Јовче Тесличков“.
-Министерството за финансии во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги што се реализира со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој ѝ додели грант на Општина Велес за реконструкција на кровот на ССОУ „Јовче Тесличков“, кој е во износ од 3.090.454 денари. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.505.454 денари. Учеството на Општина Велес изнесува 3.090.454 денари. Со овој проект ќе се реконструира целата површина на кровот од 1.184м2 при што азбесните кровни табли ќе се извадат, уредно ќе се спакуваат и транспортираат до депонија „Дрисла”. Целиот проект е направен според условите кои се содржат во елаборатот за енергетска ефикасност,појасни Коцевски.
Коцевски информира дека неделава го потпишале Меморандумот за соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование-проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.
-Со грантот што го добивме во овој проект во висина од 1.200.000 денари и со средствата од Општина Велес во висина од 600.000 денари и средствата од Општинското основно училиште „Блаже Конески“ во висина од 30.000 денари ќе се реновираат санитарните јазли во училиштето, информира велешкиот градоначалник.
Воедно тој додаде дека во ова велешко училиште на барање на Министерството за образование се изготвил проект за реконструкција на топловодниот систем, а до крајот на месецов треба да биде распишан тендерот и за овој проект.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
